Воени шатори отпорни на фрагменти

Uncategorized

tentsПолиуретанската пена со затворени келии долго време беше позната по способноста за отпорност кон различни временски услови од големи размери. Како и да е, употребата на материјалот за подобрување на структурата на градбата не е истражена опширно. Овој краток преглед споменува случај на студија на Полиуретанска пена употребена во воените бази на војската на САД во Ирак и Авганистан.

Одделот за одбрана на САД, за време на воените операции во Ирак и Авганистан, лансираше програма да ги изолира воените шатори и останати структури кои не се климатизирани. Главна цел беше да ги заштити од значаните температурни опсези. Изборот беше Полиуретанска пена со затворени келии со густина од 35 кг/м3. Според Високата воена команда, пената обезбедила извонредни перформанси за оваа намена.

На 17.10.2008 г. се случил инцидент, по кој војската почнала да размислува во проширување на употребата на пената на структурите како заштита од шрапнели и артилерија, како и од летачки парчиња од цемент (Импровизирани Експлозивни Направи).

Тим од апликатори работеше на нанесување на Полиуретанската изолација во воената база во предградието на градот Бакуба, Ирак, кога се случи неочекуваното.

Базата беше нападната од Ирачките бунтовници со гранати од 107 мм. Ударот на земјата беше одалечен околу 15-18 метри од структурата. Пената успеа да ги задржи шрапнелите и ги зароби во неа.

По нападот, војската беше импресионирана од можноста пената да го апсорбира товарот на ударот на шрапнелите.

Контингентот ја притисна воената команда да ја користи Полиуретанската пена за изолација како и за зголемена заштита од удари на противничките куршуми.

Забелешка 1: Според податоците на Генералштабот на САД, ирачките бунтовници најчесто користат гранати со пречник од 107 мм против трупите на САД.

Забелешка 2: Во момент на детонација гранатите произведуваат 1200 шрапнели кои летаат во радиус од 30-60 метри.