Дитас

Дитас Дооел експорт-импорт е компанија формирана во Скопје 1991 година.

Од своето формирање до сега бележи огромен успех во трговијата и издаваштвото, а од 2011 година и во градежниот сектор како дистрибутер на Полиуреа, Полиуретан и машини за нанесување, производи на италијанската компанија ФА Полимери Срл.

Како дополнување на програмата, Дитас е и дистрибутер на шпанската компанија Криптон Кемикал, производител на полиуреа, полиуретан, епоксидни и полиуретански смоли и декоративни подови, како и шпанската компанија ГАМА, која е производител на машини за Полиуреа и Полиуретан.

Освен наведеното, Дитас Дооел е и сертифициран изведувач на хидроизолација и термоизолација со полиуреа и полиуретан, како и член на Градежната комора при ССК и ПДА Еуропе (PDA Europe – Polyurea Development Association Europe).

Со својата R&D лабораторија во соработка со тим од технолози-инженери од областа на Полимерното инженерство, компанијата нуди нови решенија и производи за сите проблеми во градежништвото.