Обуки

Во текот на нашето работење сфативме дека е важно да се вршат обуки, како за нови, така и за веќе постоечки апликатори. Ова пред се е важно поради текот на технологијата која секојдневно се развива и унапредува.

Обуките се вршат во Скопје и Холандија, редовно два пати во годината, а по потреба и во дополнителен термин. 

На нашите обуки нема да не видите само нас како презентираме. Нашата идеја е да ги „засукате“ ракавите, облечете заштитна опрема и да започнете со прскање. Само така вистински ќе се запознаете со предизвиците и можностите на оваа технологија.

Секој што успешно ќе ја заврши обуката, добива меѓународен сертификат.

Сите заинтересирани што сакаат да посетуваат обука, може да не контактираат преку контакт формата.