Полиуреа на ФИФА 2014 Светско првенство

Uncategorized

Microsoft Word - MARACANA.doc НАСТАН

ФИФА Светското првенство е еден од најочекуваните спортски настани ширум светот. Нацијата и градовите домаќини ги носи до огромна гледаност. Во текот на подготовките на 2014 ФИФА Светското првенство, кое се одржа во Бразил, Рио Де Жанеиро го реновираше познатиот стадион Маракана, делот за прием на гости, правејќи го футуристички, естетски авантгарден, со што привлече светско внимание.

Конзорциум составен од инженери, архитекти и експерти задолжени за проектот, беа повикани да најдат најдобро решение за заштита на приемниот дел и трибините кои треба да прифатат 86000 седишта за публиката.

ПРЕДИЗВИК

Системот треба да обезбеди стабилност, еластичност и естетски префинет изглед. Да се нанесе со прскање, механички да се затворат споевите и да се спречи инфилтрација на нечистотии. Овие барања беа задоволени со употреба на Чиста Полиуреа. Полиуреата беше нанесена на 60.000 м2 носачи, 11.000 м2 на коридори, соблекувални, дел за сервис и рекреација, канцеларии, барови и боксови, како и на 100.000 м2 трибини. За само 102 дена, под атмосферски услови од екстремна жештина или непрекинати дождови, цел простор беше покриен со Чиста Полиуреа со машини за прскање на двокомпонентна Полиуреа или Полиуретан.

НАНЕСУВАЊЕТО СО РАПИДНО ТЕМПО Е ОД ВИТАЛНО ЗНАЧЕЊЕ КОГА ТРЕБА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ СТРОГИ РОКОВИ НА ИЗВЕДБА НА РАБОТИТЕ.

„НИЕ СМЕ СИГУРНИ ДЕКА ОВИЕ МАТЕРИЈАЛИ СЕ НАЈДОБРОТО ЗА ОВОЈ ТИП НА АПЛИКАЦИИ, ОСОБЕНО ОТКАКО ТЕСТОВИТЕ ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА ИЗВЕДБАТА И НА КРАЈОТ НА РАБОТИТЕ ПОКАЖАА ОДЛИЧНИ ПЕРФОРМАНСИ.“

Ова е изјава објавена од тимот на инженери задолжени за имплементација на проектот.