ТЕЧНИ ПРОИЗВОДИ ЗА САНАЦИЈА НА ПУКНАТИНИ

ИНФИЛТРИРАЊЕ

Многу често, гаражите, визбите, подрумите, таваните се предмет на протекување на вода што претставува голем проблем. Постојат повеќе причини за инфилтрација вклучувајќи пукнатини на бетонот, несоодветно поставување на тротоарот, неквалитетна надворешна хидроизолација.

ИНЈЕКТИРАЊЕ НА СМОЛА

Со инјектирање на водо-реактивна смола, низ правилно поставени инјектори, не е потребно „бркање“ на водата, по што смолата експандира блокирајќи ја моменталната инфилтрација, која истотака може да биде со јак негативен хидростатски удар.